ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Ова е вториот филм од трилогијата за судбината на поединецот прегазен од историските настани. Тука Брандауер е во улога на австро-унгарски офицер, дејствието е сместено пред Првата светска војна. Уште за време на школувањето тој е принуден да ги кодоши своите колеги. Иако ја презира улогата на Јуда, многу брзо сфаќа дека за да напредува во кариерата мора да прави такви компромиси. Попат, мора да ги прикрие и своето скромно потекло и својата хомосексуалност, да им се додворува и да им угодува на претпоставените. Напредува брзо и станува шеф на разузнавачката служба на Австро-унгарското царство. Кога од своите претпоставени добива листа со имиња кои не смеат да бидат разоткриени за своите предавнички активности, Редл сфаќа дека самиот тој има одличен профил за жртвено јагне во политичките интриги. Притиснат во стапица, и` се препушта на судбината…

Во 1986 година филмот ја освои наградата „БАФТА“ за најдобар странски филм, како и наградата на жирито на Канскиот филмски фестивал за најдобра режија.

Oberst Redl/Colonel Redl/ 1985 година
Унгарија/ 35мм/ 144`

Режија: Иштван Сабо
Сценарио: Петер Добаи, според пиесата на Џон Осборн
Улоги: Клаус Марија Брандауер, Ханс Кристиан Блех

Added by kinotekamk on April 17, 2010

Interested 1