МЕСЕЦ НА БУГАРСКИ ФИЛМ ВО КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА
За време на месец ноември секој понеделник во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан по еден бугарски филм од современата бугарска продукција.
„Подгревање на вчерашниот ручек“
Во планините во Македонија, млада филмска екипа снима документарен филм за Катерина Вандева, директен потомок на важна историска личност. Во нивната работа се замешуваат бивши функционери, кои сакаат да го искористат сведоштвото за свои цели. За режисерот останува изборот, дали да направи компромис со совеста и да им го дозволи тоа, или да направи сè за да ја сочува исповедта на Катерина.
(Подгряване на вчерашния обед, 2002)
игран филм / 2002 година / 98 минути / колор / 35мм.
Бугарија/Р. Македонија
режија: Костадин Бонев (Kostadin Bonev);
сценарио: Миле Неделковски (Mile Nedelkovski);
улоги: Светла Јанчева, Билјана Казакова, Марија Мазнева, Снежина Петрова, Руси Чанев (Svetla Yancheva, Bilyana Kazakova and Mariya Mazneva, Snezhina Petrova, Rousy Chanev).
Added by kinoteka on November 6, 2011