СОВРЕМЕН СЛОВЕНЕЧКИ ФИЛМ 2011
во рамките на Фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС
09 - 12 ноември 2011, кино-сала на Кинотека на Македонија
„Појадокот на петелот“
Ѓуро е чирак на учителот Гајаш, локален сопственик на сервис за автомобили. Мирниот живот на младиот чирак ќе биде нарушен со пристигнувањето на црнокосата Броња, која е мажена за Лепец, локалниот макро. Броња и Ѓуро започнуваат многу ризична врска, која не останува тајна долго време. Во меѓувреме и Гајаш има свои фантазии. Сонува за Северина, која доаѓа на концерт во нивниот град.
(Petelinji zajtrk)
игран филм / 2007 година / 125 минути / колор / 35мм.
Словенија
режија: Марко Набершник (Marko Naberšnik);
сценарио: Марко Набершник (Marko Naberšnik), според литературна предлошка на Фери Лајншчек (Feri Lainšček);
улоги : Примож Безјак, Владо Новак, Пиа Земљиќ, Дарио Варга, Јанез Шкоф, Давор Јањиќ (Primož Bezjak, Vlado Novak, Pia Zemljič, Dario Varga, Janez Škof, Davor Janjić).
Added by kinoteka on November 9, 2011