Проекции: 10-11.12.2012 (понеделник-вторник), 20.00 часот
„Плевел“
Маргарита е стоматолог и за викендите пилотира. Едно момче на скејтборд ќе и’ ја украде чантата, но подоцна нејзиниот паричник ќе заврши во рацете на постариот господин Жорж. Заинтригиран од личните документи во паричникот, Жорж ќе се обиде да и’ се јави на телефон, но сепак ќе ги предаде документите во полиција. Потоа Маргарита ќе се заинтересира за „наоѓачот“ на паричникот, и ќе му се јави на Жорж... И така почнува една серија обиди за комуникација во кои едниот и другиот ќе се обвинуваат меѓусебно за секакви нешта, па потоа ќе се обидуваат да се извинат еден на друг. Од таа нивна игра на недоразбирање ќе им се смачи на сите околу.
(Les herbes folles)
игран филм, Франција / Италија
2009, 104 мин., колор, 35 мм
режија: Алан Рене (Alain Resnais);
сценарио: Алан Рене, според романот на Кристијан Гаји (Alain Resnais според книгата на Christian Gailly);
улоги: Андре Дусолије, Сабин Азема, Ан Косињи, Емануел Дево, Матје Амалрик (André Dussollier, Sabine Azéma, Anne Consigny, Emmanuelle Devos, Mathieu Amalric).
Added by kinoteka on December 7, 2012