ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

МЕСЕЦ НА БУГАРСКИ ФИЛМ ВО КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА

За време на месец ноември секој понеделник во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан по еден бугарски филм од современата бугарска продукција.

„Писмо до Америка“

Камен, најдобриот пријател на Иван е пред умирање во една американска болница. Бидејќи не добива виза, Иван се упатува во руралните предели на земјата, носејќи ја со себе камерата која што му ја подарил Камен. После некое време, му пишува писмо за луѓето и местата кои ги сретнал на своето патување, со верување дека чудната исцелителна моќ на родниот фолклор може да го излечи.

(Писмо до Америка)
игран филм / 2001 година / 90 минути / црно-бел, колор / 35 мм.
Бугарија/Холандија/Унгарија

режија и сценарио: Иглика Трифонова (Iglika Triffonova);
улоги: Филип Аврамов, Ана Пападополу, Питер Антонов (Phillip Avramov, Ana Papadopulu and Peter Antonov).

Added by kinoteka on November 6, 2011

Interested 1