ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 24-25.04.2013 (среда-четврток), 20.00 часот

„Парада“

„Парада“ е српска комедија за група геј активисти кои се обидуваат повторно да организираат „Парада на гордоста“ во Белград, по првиот и неуспешен обид во 2001 година. Кога полицијата ќе одбие да ја обезбедува парадата, Мирко и Радован, главните протагонисти во филмот, ќе се обратат до Лимун, сопственик на агенција за обезбедување и воен ветеран. Но, групата на Лимун одбива да го поддржи во оваа „невозможна мисија“, па тој е принуден да ги регрутира своите поранешни непријатели од југословенските воени полиња - Хрватот Нико, Босанецот Халил и Албанецот Азем - за да ги одбрани хомосексуалците од можните насилници.

(Parada)
игран филм / Србија / Словенија / Хрватска / Црна Гора / Mакедонија
2011 година / 115 мин. / колор / 35 мм

режија и сценарио: Срѓан Драгоевиќ (Срђан Драгојевић);
улоги: Никола Којо, Милош Самолов, Христина Поповиќ, Горан Јевтиќ (Христина Поповић, Горан Јефтић).

Added by kinoteka on April 2, 2013

Interested 1