20 години филм во независна Македонија
Влезот е бесплатен.
„Панкот не е мртов“
Мирза е скопски панкер, аутсајдер дури и на средни години, кој во својот круг на пријатели и познаници живее на стара слава, а приватно преживува како ќе стигне. Сè што посакува е повторно да настапува со својот панк-бенд, распаднат уште пред повеќе од 15 години. За да настапи во рамките на еден сомнителен мулти-културен настан во Дебар, тој решава да го собере бендот и заедно со својата поранешна девојка заминува по новосоздадените балкански држави за да стапи во контакт со поранешните членови. За него, а и за останатите во групата – панкот не е мртов!
игран филм / 104 минути / 2011 година / колор / 35 мм.
Режија: Владимир Блажевски
Сценарио: Владимир Блажевски
Директор на фотографија: Димо Попов
Главни улоги: Јордан Симонов, Тони Михајловски, Камка Тоциновски, Џевдет Јашари, Кирил Поп Христов
Added by kinoteka on September 18, 2011
Побарана е потврда за евентуалното откажување од страна на Уредникот на програмата на Кинотека на Македонија.
Утре до пладне ќе биде објавена информацијата.
Ви благодариме за разбирањето.
За жал, проекцијата е откажана бидејќи филмот се емитува во кино Рамстор.
Necro Black
Прикажувањето на филмот е откажано! Сите заинтересирани може да го видат во Кино Рамстор.