Проекции: 21.04.2012 (сабота), 18.00 часот
СКОПСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ - ЦИКЛУС ТАРКОВСКИ
„Огледало“
Филмот има нехронолошка структура и е комбинација на флешбекови, архивски снимки и поезија преку кои еден човек кој е на умирање се навраќа на битните моменти од својот живот. Детството, разводот, предвоениот период, размислувањата за руската историја и општеството, за семејните односи итн. се во форма на визуелен тек на свеста, поради што филмската критика го смета „Огледало“ за најличен и најтежок филм на Тарковски.
Zerkalo
игран филм / 1975 година / 108 минути / црно-бел / 35 мм
Русија
режија: Андреј Тарковски:
сценарио: Андреј Тарковски, Александар Мишарин (Andrey Tarkovskiy, Aleksandr Misharin);
улоги: Маргарита Терекхова, Филип Јанковски, Игнат Данилицев (Margarita Terekhova, Filipp Yankovsky, Ignat Daniltsev).
Added by kinoteka on April 2, 2012