Комедија сосредоточена на промените со кои мораме да се соочиме
во животот: во трката за избор на градоначалник на градот, двајца
кандидати од истата партија, со целосно различни ставови, низ
постојаните меѓусебни судири и средби успеваат вистински да се
запознаат и да ги преиспитаат сите вистини за кои со години се бореле,
вклучувајќи ги, притоа, и сопствените пријатели и љубовници. На крајот,
љубовта и компромисот се поставуваат како единствено решение.
DIVERSO DA CHI?/ 2009 година
Игран филм/ ДВД/ 102`
Режија: Умберто Ричони Картени
Сценарио: Фабио Бонифачи
Улоги: Лука Арџентеро, Филипо Нигро, Клаудија Џерини, Антонио Катанија
Added by kinotekamk on March 12, 2010