РЕВИЈА НА ФИЛМОВИ НА АНДРЕАС ДРЕЗЕН
во рамките на Фестивалот на европски филм „СИНЕДЕЈС“
„Облак 9“
Инге е шивачка во поодминати години, која живее спокоен живот со својот сопруг Вернер, чија најголема опсесија е слушање плочи од стари парни локомотиви. Нејзиното здодевно секојдневие набрзо ќе биде заменето со ризична авантура, кога таа ќе започне неочекувана афера со 76-годишниот Карл.
(Wolke 9)
игран филм / 2008 година / 98 минути / колор
Германија
режија: Андреас Дрезен (Andreas Dresen);
сценарио: Андреас Дрезен, Јорг Хаушилд, Лајла Стилер, Куки Зисче (Andreas Dresen, Jörg Hauschild, Laila Stieler, Cooky Ziesche);
улоги: Урсула Вернер, Хорст Реберг, Хорст Вестфал, Штефи Кунерт (Ursula Werner, Horst Rehberg, Horst Westphal, Steffi Kühnert).
Added by kinoteka on November 9, 2011