Германија, 1989 година: Ѕидот паѓа, луѓето воскликнуваат, Давид Хаселхоф пее на Бранденбуршката капија и во цел Берлин се слави. И Фајт се радува: со парите добиени за добредојде од Владата на СРГ сака да замине за Сан Франциско, на крајниот запад на светот. Така барем му вели на својот најдобар пријател
Том, кој веднаш наслутува голема авантура и по секоја цена сака да оди со него. Но вистината е дека Фајт го бара татка си, кој емигрирал во САД кога Фајт сè уште бил дете. Фајт сака по секоја
цена да биде таму на неговиот роденден за 3 недели! Но пари има само за до Њујорк, владее многу студена зима, а момчињата не се снаоѓаат само со „пријателство!“, единствениот англиски збор што го знаат...
„Friendship!“
колор/ 110`
2009 година
Режија: Маркус Голер
Added by kinotekamk on October 13, 2010