„Димитар Влахов“ бб
Скопје, null 1000

Повеќе од 60 години по завршувањето на Втората светска војна, 40 години по студентското движење во 1968, 20 години по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, на патот кон глобализираниот свет на 21 век, една група кино-режисери составува слика на ситуацијата во денешната Сојузна Република Германија од свои индивидуални гледишта. Секој од филмските режисери го толкува своето лично восприемање на денешна Германија, апстрактно и конкретно, слободно во изборот на форматот и на содржината. Поединечните прилози би можеле да бидат кратки играни филмови, документарни, есеистички или експериментални филмови. Филмскиот проект „Германија `09“ „обединува дванаесет индивидуални филмски погледи на она што денес и сега го доживуваме како родна земја – и како си го избираме живеалиштето, како заскитуваме и како се вплеткуваме во таа земја."

Deutschland '09
колор/ 151`
2009 година

Режија: Фати Акин, Волфганг Бекер, Силке Ендерс, Доминик Граф, Мартин Гресман, Кристоф Хоххојзлер, Ромуалд Кармакар, Николет Кребиц, Дани Леви, Ангела Шанелек, Ханс Штајнбихлер, Изабел Штевер, Том Тиквер, Ханс Вајнгартнер

Added by kinotekamk on October 13, 2010

Interested 1