Документарниов филм портретира две семејства во две германски гратчиња – на запад и на исток. Слични се,
но не се исти. Единство? Што ли е тоа? Ако погледне човек во прирачникот за германското единство, ќе прочита дека внатрешното единство во никој случај „не
било нешто разбирливо само по себе, туку повеќе нешто
отворено и динамично“, и со тоа нема да стане поумен. Дваесет години по падот на Ѕидот, човек може да праша кого сака: одговорот на прашањето што се подразбира под внатрешно единство и што сè воопшто би морало да се исполни за успешно да се оствари внатрешното единство, е речиси неограничено поле, за медиумите, социолозите, политиколозите и
психолозите. Што ги поврзува и што ги дели луѓето и кои заеднички
белези постојат и покрај сите разлики? Филмов е впечатливо патување во германските дневни соби.
"Ein Land - zwei Welten?"
документарен филм, 2009 год.
колор/ 45`
Режија: Ајлика Мајнерт
Added by kinotekamk on October 13, 2010