НИКОЛА-КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ - 50 ГОДИНИ НА ФИЛМСКОТО ПЛАТНО
„Татко (Колнати сме, Ирина)“
Меѓу селските момчиња кои заминуваат во војска е и тукушто оженетиот Дамјан, единствениот син на воденичарот Витан. Младата жена останува во куќата на свекорот. Минуваат денови во познатото секојдневие за двајцата. Упатени еден на друг тие заеднички го носат бремето на работата во воденицата и околу имотот. А каде е осаменоста, таму се и страстите...
игран филм / 1973 година / 84 минути / колор / 35мм.
Југославија
режија и сценарио: Никола-Коле Ангеловски;
улоги: Велимир Бата Живојиновиќ, Неда Арнериќ, Мето Јовановски, Ненад Милосављевиќ.
Added by kinoteka on November 17, 2011