НИКОЛА-КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ - 50 ГОДИНИ НА ФИЛМСКОТО ПЛАТНО
„Да се дојде и да се остане“
Во потрага по подобар живот, тројца селани, Радован, Јеремија и Гаша, доаѓаат во големиот град. Најстариот од нив, Јеремија, не може да се прилагоди на средината, а најмладиот, Гаша, започнува бурна љубовна врска со Снежана. Радован започнува да оди во вечерно училиште и успешно се вклопува во урбаниот живот…
(Doći i ostati)
игран филм / 1965 година / 106 минути / 35 мм.
Југославија
режија: Бранко Бауер (Branko Bauer);
сценарио: Љубиша Козомара, Гордан Михиќ (Ljubiša Kozomara, Gordan Mihić);
улоги: Војислав Мицовиќ, Драгомир „Гидра“ Бојаниќ, Никола-Коле Ангеловски, Мија Алексиќ, Северин Бијелиќ, Марија Кон, Милан Срдоч, Павле Вујисиќ (Vojislav Micović, Dragomir „Gidra” Bojanić, Nikola-Kole Angelovski, Mija Aleksić, Severin Bijelić, Marija Kohn, Milan Srdoč, Pavle Vujisić).
Added by kinoteka on November 17, 2011