Група на платеници трага по вредни артефакти од Втората светска војна. За нив фронтовите се ковчези полни со застарени типови на пушки, медалји и документи со непроценлива вредност. Откако ќе го откријат албумот на еден заклан војник со фотографии од војната, решаваат да се освежат во блиското езеро. Кога ќе испливаат на површината, ќе сфатат дека мистериозно влегле во временска дупка. Патувањето низ времето ги однесло во 1942 година...
My iz budushchego
ДВД/ колор/ 120`
2008 година
Режисер: Андреј Малјуков
Сценарио: Александар Шевцов, Едвард Володарскиј, со учество на Кирил Белевич
Улоги: Екатерина Климова, Данила Козловскиј, Даниил Страхов, Борис Галкин, Сергеј Маховиков, Владимир Јаглич, Димитриј Волкострелов, Андреј Терентjев
Андреј Игоревич Малјуков е советски и руски режисер, сценарист и продуцент.Роден е на 6 јануари 1948 година во Новосибирск. Во периодот од 1961 до 1966 година работи како актер и режисер во Народниот театар „Младост” во Новосибирск. Во 1971 година дипломира на Режисерскиот факултет при Серускиот државен институт за кинематографија. Од 1974 година е продуцент на продуцентската куќа „Мосфилм”.Од крајот на деведесеттите активно работи во телевизија. Признанија: Заслужен уметнички работник и Народен артист на Руската федерација.
Added by kinotekamk on September 11, 2010