ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 18-19.12.2012 (вторник-среда), 20.00 часот

„Необичната судбина на Амели Пулен“

Амели имала невообичаено детство - заради погрешна дијагноза, растела сама и изолирана, постојано фантазирајќи за подобар и поубав свет. Години подоцна, ќе открие загубена кутија со играчки и ќе му ја врати на вистинскиот сопственик. Тој толку ќе се израдува, што Амели ќе реши да се посвети на луѓето околу неа, односно да стори сè за да им ги разубави животите. Романтична, весела и наивна, таа ќе се обиде да ги усреќи соседите и луѓето што доаѓаат во кафулето во кое работи, како и момчето од продавницата за видеокасети кој има чудно хоби. Попат и ќе се вљуби...

(Le fabuleux destin d’Amélie Poulain)
игран филм, Франција / Германија
2001, 122 мин., колор, 35 мм

режија: Жан-Пјер Жене (Jean-Pierre Jeunet);
сценарио: Гијом Лоран, Жан-Пјер Жене (Guillaume Laurant, Jean-Pierre Jeunet);
улоги: Одри Тоту, Матје Касовиц, Жамел Дебуз, Руфус, Јоланда Моро (Audrey Tautou, Mathieu Kassovitz, Jamel Debbouze, Rufus, Yolande Moreau).

Added by kinoteka on December 7, 2012

Interested 1