Проекции: 21.03.2012 (среда), 20.00 часот
ПРОЗОРЕЦ КОН ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ
„Некои велат не“
Кога Макс, Ирма и Самуеле, некогашни школски другари, ќе ги изгубат своите работни места од далеку понеспособни конкуренти, тие прават пакт. Ќе им се осветат на своите непријатели и ќе си помогнат еден на друг. Но, нивните планови како да го реализираат тоа се многу незрели, смешни и недоветни.
„Некои велат не“ (C’è chi dice no)
игран филм / 2011 година / 95 минути / колор / 35мм
Италија
Режија: Џамбатиста Авелино (Giambattista Avellino);
Сценарио: Фабио Бонифачи, Џамбатиста Авелино (Fabio Bonifacci, Giambattista Avellino);
Улоги: Лука Аргентеро, Паола Кортељеси, Паоло Руфини (Luca Argentero, Paola Cortellesi, Paolo Ruffini).
Added by kinoteka on March 4, 2012