Недела на класичен хорор
„Тајната на напуштената куќа“
Познатата телевизиска личност, гатачката Хелга, една вечер ќе биде пронајдена мртва во својот стан, под сомнителни околности. Британски музичар случајно се вмешува во решавањето на нејзиното убиство, што ќе излезе дека е вистински кошмар. Филмот е едно од најуспешните остварувања на Арџенто, со кое тој достигннува светска слава, а воедно претставува и едно од најзначајните ремек дела на италијанскиот хорор.
(Profondo rosso)
игран филм / 1975 година / 126 минути / колор / 35 мм.
Италија
Режија: Дарио Арџенто (Dario Argento);
Сценарио: Дарио Арџенто, Бернардино Запони (Dario Argento, Bernardino Zapponi);
Улоги: Дејвид Хемингс, Дариа Николоди, Габриеле Лавиа, Мача Мерил, Ерос Пагни (David Hemmings, Daria Nicolodi, Gabriele Lavia, Macha Méril, Eros Pagni).
Added by kinoteka on November 27, 2011