ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

20 години филм во независна Македонија
Влезот е бесплатен.

„Мојот татко“

Синот на Зека загинува во војната, и сега стариот човек се чувствува осамен во куќа полна со жени. Од болка и тага пополека го губи здравиот разум. Почнува да халуцинира, живее во минатото, си умислува дека синот сепак е жив и дека секој момент може да се врати дома. Еден ден во селото се појавува непознат човек кој со себе ги носи ковчезите со загинатите војници. Зека го поканува да преспие во неговата куќа. Доаѓа ноќта, а со неа и демоните кои го доведуваат Зека до лудило, и кои го претвораат во убиец. Оттуѓен, изгубен за реалниот свет, Зека продолжува да го чека починатиот син. Неговата најмала ќерка пак, Хана, исто така чека – чека да се врати нејзиниот татко Зека и повторно да ја преземе улогата на татко и глава на семејството.

игран филм / 84 минути / 2010 година / колор / ДВД

Режија: Шќипе Нуредини Дука
Сценарио: Шќипе Нуредини Дука
Директор на фотографија: Владимир Самоиловски
Главни улоги: Сефедин Нуредини, Џемиле Ибраими, Њомза Ибрај, Ментор Зимберај, Теута Јегени, Амернис Нокшиќи-Јовановска

Added by kinoteka on September 18, 2011