Проекции: 25.04.2012 (среда), 18.00 часот
НОВ ХОЛАНДСКИ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ
„Монтажа“
Последен дел од трилогијата во која експерименталниот автор и истражувач Зоот Деркс ја става под прашање употребата на технолошките временски линии на еден филозофски и уметнички начин. Истражува какви последици има употребата на таквото програмирано течение преку сместување на видео слики во историски контекст, со што создава моментално минато. Деркс своите перформативни видео инсталации ги истражува заедно со публиката.
Mont-Age
документарен филм / 2011 година / 20 минути / колор / Дигитал Бета
Холандија
режија: Зоот Деркс (Zoot Derks).
„Правдата на продажба“
Адвокатот Клодин Цонго ја губи вербата во правниот систем на Конго. Смета дека системот е корумпиран, ги бара виновниците, одговорните, се залага за бесправно осудените. Исходот од случајот на кој работи е заплеткан, сослушувањата се формалност, а казните затвор се доделуваат без факти и докази. Благодарение на меѓународните НВО-а, ваквите пропусти во системот се посочуваат во надеж дека еден ден ќе бидат коригирани.
Justice for Sale
докуменатрен филм / 2011 година / 83 минути / колор / Дигитал Бета
Холандија
режија: Фемке ван Велцен, Илсе ван Велцен (Femke van Velzen, Ilse van Velzen).
Added by kinoteka on April 3, 2012