ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Браќата Ита и Нита живеат на еден зафрлен рибарски остров, напуштени од родителите, но слободни да одлучуваат за својата судбина. По шестмесечно отсуство, се појавува мајка им и ги запознава со доста постарата полусестра Коноко. Живеејќи во крајна сиромаштија и неможејќи да врзат крај со крај, сите бараат излез од ситуацијата. Коноко почнува да работи во локалниот бордел за да ги издржува, а згрозен од ваквото решение, Ита револтирано заминува. Најпосле, и тајната на Коноко се обелоденува – дека најмалото братче е, всушност, нејзин син.

BOKU NO CHI/ BOKUNCHI-MY HOUSE
игран филм/ колор/ 2002 година/ 115`

Режија: Џуџи Сакамото
Сценарио: Исаму Уно
Директор на фотографија: Нормичи Касаматсу
Улоги: Ариса Мизуки, Јума Јамото, Јуки Танака

Кратка биографија за режисерот:
Џунџи Сакамото (Сакаи, Осака, Јапонија, 1954- )е сценарист и режисер, кој уште како студент им бил асистент на Сого Ишија и Кзујуки Ицуо. Режисерското деби го остварува со „Решавачки удар“ (Dotsuitarunen, 1989 год.) за кој добива награда за најдобар млад режисер на филмскиот фестивал во Јокахама. Следуваат „Шах-мат“ (Ôte, 1991 год.), акциониот „Токарев“ (Tokarefu, 1994 год.), за кој е повторно награден во Јокахома, комедиите „Биликен“ (Biliken, 1996 год.), „Ангел со многу лузни“ (Kizu darake no tenshi, 1997 год.) и „Глупчо“ (Orokamono: Kizu darake no tenshi, 1998 год.), потоа „Лице“ (Kao, 2000 год.), кој му донесе награда за најдобра режија од Јапонската академија за филм, како и награда за сценарио и режија во Јокохама. Потоа следат и драмата „Друга битка“ (Shin jingi naki tatakai, 2000 год.), „КТ“ (KT, 2002), снимен според вистинска приказна, „Мојата куќа“ (Bokunchi, 2003 год.) и „Надвор од овој свет“ (Kono yo no sotoe - Club Shinchugun, 2005 год.), „Тамамое!“ (Tammamoe!, 2007 год.) и последните „Деца на темнината“ (Yami no kodomotachi, 2008 год.) и „Камелеон“ (Chameleon, 2008 година).

Added by kinotekamk on March 4, 2010

Interested 1