Направен според истоимениот роман на Клаус Ман, филмот го следи подемот на фаустовскиот лик кој фигуративно ја продава својата душа за краткотрајна слава. Хендрик Хофген е ѕвездата на државниот театар кому му е здодеано од својата работа. Исто како и колегите, и тој кокетира со социјалистичките идеали се’ до подемот на нацистичката партија. Во тој политички пресврт актерот гледа можност да дојде до својата цел, односно да постигне национална слава и стекне признание. Додека неговите пријатели заминуваат од земјата во потрага по уметничка слобода, тој и ` се предава на пропагандната машина на новите моќници...
Ова е првиот филм од трилогијата (останатите два се „Полковникот Редл“ (Oberst Redl, 1985 година) и „Астрологот на Хитлер“ (Hanussen, 1988 година) во кој главниот лик го толкува актерот Карл Марија Брандауер. Сите три филма се фокусирани на личната трагедија во рамките на една историска реалност за која самиот режисер вели дека е „…обид да се постигне чувството на безбедност преку постигнување компромис – но, лош компромис.“
Во 1981 година филмов добива Оскар за најдобар странски филм (единствен унгарски филм што ја добил таа награда). Истата година на Канскиот филмски фестивал е награден за најдобро сценарио, а ја доби и наградата „Фипресци“.
Mephisto/ 1981 година
Унгарија/ 35мм/ 126`
Режија: Иштван Сабо
Сценарио: Петер Добаи, според романот на Клаус Ман
Улоги: Клаус Марија Брандауер, Кристина Јанда
Added by kinotekamk on April 17, 2010