ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 27-28.02.2013 (среда и четврток), 20.00 часот

„Матрикс 3“

Нео и Бејн лежат без свест во болница. Нео открива дека неговиот ум е заробен во виртуелната станица на метрото - зона меѓу Матриксот и градот на машините. Тој дознава дека метрото е под контрола на Трejнман, под водство на Меровингијан. При обидот Нео да се качи во возот Трejнман го совладува. Морфеус и Тринити одат во клубот Хел и го присилуваат Меровингиjан да го пушти Нео. Нео е вознеморен од визијата на градот на машините и ја посетува Оракл која му открива дека агентот Смит има намера да го уништи светот. Оракл констатира дека се` што има почеток има и крај и набрзо војната ќе заврши. Капетаните планираат одбрана на Зион и Нео бара бродот да отпатува во градот на машините. Мотивиранa од средбата со Оракл, Ниоба го нуди бродот „Логос“. Нео оди во друштво на Тринити, а Бејн се качува на „Логос“, а со себе ја зема Тринити како свој заложник. Но набрзо Нео ја сфаќа намерата на Бејн и го придобива агентот Смит...

Трилогијата „Матрикс“ е една од најзначајните во историјата на филмот и се занимава со филозофски теми кои коренот го влечат уште од Платон и неговата пештера, или пак констатацијата на Калдерон дека „животот е сон“, поврзани со бројни религиски прашања и теми спакувани во обланда на врвен акционен филм.

(The Matrix Revolutions)
игран филм, САД / Австралија
2003, 129 мин., колор, 35 мм

режија: Енди Вачовски, Лана Вачовски (Andy Wachowski, Lana Wachowski);
сценарио: Енди Вачовски, Лана Вачовски (Andy Wachowski, Lana Wachowski);
улоги: Кијану Ривс, Лоренс Фишбурн, Кери Ен Мос, Хјуго Вивинг, Ламберт Вилсон, Џејда Пинкет Смит (Keanu Reevs, Laurence Fishburne, Carrie-Anne Moss, Hugo Weaving, Lambert Wilson, Jada Pinkett Smith).

Added by kinoteka on January 28, 2013

Interested 1