Проекции: 24 и 26.02.2013 (недела и вторник), 20.00 часот
„Матрикс 2“
Шест месеци по настанот од првиот филм, Морфеус прима порака од капетанката Ниоба од Логос која повикува итен состанок на зионските екипи. Зион го потврдува последното јавување на бродот „Озирис“. Машините го пробиваат тунелот кон Зион. Заповедникот Џејсон Лок и рангираниот воен старешина на Зион им наредуваат на сите бродови да се вратат за да се подготват за одбрана. Морфеус бара бродот да остане, за да може да контактира со Оракл. Бродот „Набукодоносор“ се изложува на опасност за да може да се јави Нео. Агентот Смит го сретнува Бејн и тој го презема неговиот аватар. Смит го напушта Матриксот и ја презема контролата над телото на Бејн...
(The Matrix Reloaded)
игран филм, САД / Австралија
2003, 138 мин., колор, 35 мм
режија: Енди Вачовски, Лана Вачовски (Andy Wachowski, Lana Wachowski);
сценарио: Енди Вачовски, Лана Вачовски (Andy Wachowski, Lana Wachowski);
улоги: Кијану Ривс, Лоренс Фишбурн, Кери Ен Мос, Хјуго Вивинг, Глорија Фостер, Ламберт Вилсон (Keanu Reevs, Laurence Fishburne, Carrie-Anne Moss, Hugo Weaving, Gloria Foster, Lambert Wilson).
Added by kinoteka on January 28, 2013