Проекции: 22-23.02.2013 (петок и сабота), 20.00 часот
„Матрикс 1“
Томас Андерсон води двоен живот. Во едниот е програмер на угледната компанија за софтвер „Метакортекс“. Во вториот е Нео, хакер, кој ноќта ја минува покрај компјутерот, обидувајќи се да стапи во контакт со Морфеус, најпознатиот светски хакер кој е во бегство. Нео има несоница и се обидува да дознае нешто, но и самиот не знае точно што, бидејќи константно мисли дека со светот околу него нешто не е во ред. Еден ден на мониторот на неговиот компјутер се појавува текст: „Што е тоа Матрикс“? Следејќи ги инструкциите кои ги добива оди во ноќниот клуб и ја сретнува Тринити, позната хакерка, која му кажува дека може да го поврзе со Морфеус, но Нео е скептичен. Наредниот ден на работа го апсат. Агентите кои го апсат од него бараат да соработува со нив, мислејќи дека така полесно ќе стигнат до Морфеус, но Нео ги одбива со омраза. Тогаш доаѓа до натприродна ситуација, усните почнуваат да му се топат и му се соединуваат...
(The Matrix)
игран филм, САД / Австралија
1999, 136 мин., колор, 35 мм
режија: Енди Вачовски, Лана Вачовски (Andy Wachowki, Lana Wachowski);
сценарио: Енди Вачовски, Лана Вачовски (Andy Wachowki, Lana Wachowski);
улоги: Кијану Ривс, Лоренс Фишбурн, Кери Ен Мос, Хјуго Вивинг, Глорија Фостер, Џои Пантолјано (Keanu Reevs, Laurence Fishburne, Carrie-Anne Moss, Hugo Weaving, Gloria Foster, Joe Pantoliano).
Added by kinoteka on January 28, 2013