17-21 октомври ДЕНОВИ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК
„Марчело, Марчело“
Во 1956 година во Италија, на живописниот остров Аматрељо, кога една девојка ќе наполни 18 години, секое момче од селото е покането да донесе подарок за нејзиниот прв состанок. Но подарокот не е за девојката туку за нејзиниот татко, кој треба да одлучи кое момче ќе може да ја однесе неговата ќерка на прв состанок. Марчело, синот на рибарот, нема да биде загрижен за оваа традиција сè додека не ја забележи убавата Елена, ќерката на градоначалникот. Како што тече времето и конкуренцијата се зголемува, Марчело ќе го најде совршениот подарок за градоначалникот.
(Marcello, Marcello)
игран филм, Швајцарија
2008, 97 мин., колор, ДВД
режија: Денис Рабаља (Denis Rabaglia)
сценарио: Марк Дејвид Хетвуд, Денис Рабаља (Mark David Hatwood, Denis Rabaglia)
улоги: Франческо Мистичели, Елена Кучи, Алфио Алези, Луиџи Петраѕуоло (Francesco Mistichelli, Elena Cucci, Alfio Alessi, Luigi Petrazzuolo)
Added by kinoteka on October 2, 2012