Проекции: 15-16.12.2012 (сабота-недела), 20.00 часот
„Мали резови“
Бруно е новинар во еден комунистички весник и минува низ кризата на средните години. Растргнат помеѓу сопруграта Гаел и љубовницата Натали, неговите политички уверувања се далеку од постојани. Откако неговиот вујко Жерар ќе го повика да дојде во малото гратче во близина на Гренобл, каде што тој сака повторно да се кандидира за градоначалник, Бруно ќе дојде со љубовницата. Тука дознава дека и неговата вујна има љубовник, и дека вујкото Жерар сака да го искористи за да „расчисти“ со противникот. Во целата таа збрка, во неговиот живот ќе влезе мистериозната Беатрис...
(Petites coupures)
игран филм, Франција / Велика Британија
2003, 95 мин., колор, 35 мм
режија: Паскал Боницер (Pascal Bonitzer);
сценарио: Паскал Боницер, Емануел Салинжер (Pascal Bonitzer, Emmanuel Salinger);
улоги: Кристин Скот Томас, Даниел Отој, Паскал Бусјер, Лудивин Сањие, Катрин Муше (Kristin Scott Thomas, Daniel Auteuil, Pascale Bussières, Ludivine Sagnier, Catherine Mouchet).
Added by kinoteka on December 7, 2012