ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Филмот е снимен според вистинит настан што се случил во 1943 година за време на фашистичката окупација. Бугарската војска го напаѓа селото Лавци каде се наоѓаат партизани, меѓу кои е и легендарниот учител Тодор Ангелов, по кого е распишана и потерница. Под закрилата на ноќта, партизаните, заедно со селаните, се подготвуваат за напуштање на селото. Нападот започнува, партизаните успеваат да го пробијат обрачот, но селаните и Даскалот остануваат во селото. За да откријат каде се наоѓа Даскалот, окупаторот почнува да се изживува врз селаните. Арно ама, никој не сака да го предаде...

игран филм/ 35мм/ колор/ 102`
Република Македонија/ 1971 година

Режија: Ватрослав Мимица
Сценарио: Славко Јаневски, Ватрослав Мимица
Директор на фотографија: Киро Билбиловски
Главни улоги: Коле Ангеловски, Павле Вуисиќ, Нада Гешовска, Дарко Дамевски, Милена Дравиќ и др.

Added by kinotekamk on January 10, 2011

Interested 1