Проекции: 18.05.2012 (петок), 20.00 часот
МАКЕДОКС - РЕПРИЗА 17-22 Мај
„Темнина на денот“
„Темнината на денот“ претставува длабоко истражување на феноменот на самоубиството како табу. Филмот е составен од пронајдени филмови коишто биле отфрлени.
(The Darkness of Day)
документарен филм, САД
2009 година, 26 минути, колор, ДВД
режија: Џеј Розенблат (Jay Rosenblatt)
„Катка“
Катка е долгогодишна наркоманка, која си посакува животот да ѝ се смени на подобро и да живее колку што може понормално. Филмот ја следи нејзината 14-годишна борба со дрогата. Сведоци сме на внатрешната борба кај оваа млада жена и надежта за среќен крај на нејзината животна приказна.
(Katka)
документарен филм, Република Чешка
2010 година, 90 минути, колор, ДВД
режија: Хелена Трештикова (Helena Třeštíková)
Added by kinoteka on May 14, 2012