Проекции: 20.06.2012 (среда), 21.00 и 23.00 часот
Локација: Kуршумли ан
„МакеДокс“, фестивал за креативен документарен филм
15-22 јуни 2012
Целосна програма: http://makedox.mk/2012/06/11/festival-program/
21.00 часот
„Илузија“ (Mirage)
42' / Велика Британија/Обединети Арапски Емирати
На работ на градот кој израснува од пустината, осамен човек игра на терен за голф. Друг, ненаспиен, испраќа писмо до сопругата во Кенија од еден работнички камп. Песочна бура го погодува градилиштето, додека локалното население врши чудна танцувачка церемонија. Поделен во три дела, филмот ни ги открива најтемните аспекти на Дубаи, претставен како место чијшто забрзан економски раст полека ја уништува уникатната традиција на населението кое таму живее.
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=2cTQoefhcgk&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=4
„Мобилен телефон“ (Cell Phone)
63' / Босна и Херцеговина
Авторот ги бара подрачјата на уметничка слобода во рамките на ограничувањата на мобилниот телефон. Тој ја користи опцијата за снимање на глас и ги снима секојдневните телефонски разговори. На тој начин, гради спонтана, забавна и емотивна „шпионска" приказна за дневната рутина. Филмот се темели врз идејата за изразено минималистичка реализација, во елементарна форма, занемарувајќи ги правилата на класичниот филмски израз. Уважувајќи го фактот дека на планетата егзистираат пет милијарди активни мобилни телефони, авторот го реализира филмот во современа „youtube" односно „мобилна" естетика.
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=rYThBTxIigM&feature=autoplay&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&playnext=1
23.00 часот
Журнал за младината на село, во зима (Newsreal on village youth, in winter)
15' / Србија
„Гангстер“ (Gangster Runner)
90' / Германија
Нож во џебот и сон во главата: да се биде најголемиот гангстер. На 15 години, Јења станува „бос" на една од бандите во Берлин. Во очите на законот, тој е „тежок криминалец", а во своите очи тој е еден од десеттемина најопасни во Берлин. Јења е син на палестински бегалци од Либан. На 17 години му е изречена казна 3 години затвор за оружен грабеж. Филмот го следи Јења во затворот додека ја отслужува казната, но паралелно се следи и животот на неговото семејство во Нов Келн.
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=hivdaCXlDQU&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=5
Added by kinoteka on June 14, 2012