Проекции: 15.06.2012 (петок), 21.00 и 23.00 часот
Локација: Куршумли ан
„МакеДокс“, фестивал за креативен документарен филм
15-22 јуни 2012
Целосна програма: http://makedox.mk/2012/06/11/festival-program/
21.00 часот
„Изморениот патник“ (Тhe Tired Traveler)
12' / Македонија
„Бебиња“
79' / Франција
Режиран од наградуваниот режисер Томас Балмеш (Thomas Balmès), филмот „Бебиња" симултано следи четири бебиња, кои живеат на различни места во светот, од раѓањето до нивните први чекори. Редефинирајќи ја ненаративната уметничка форма, „Бебиња" весело ги опишува најраните фази, универзални за сите форми на човековото патување од раѓањето па сė до проодувањето.
Tрејлер: http://www.youtube.com/watch?v=QXOiA6vyZ4g&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=9
23.00 часот
„Мама Африка“
90' / Финска/Германија/Јужна Африка
Во овој филм, докажаниот фински режисер и продуцент Мика Каурисмаки (Mika Kaurismäki) нė води низ педесетте години творештво на Миријам Макеба, неверојатно талентираната и харизматична музичарка од Јужна Африка, која својата кариера и творештво ги посветила на пренесување на пораката против расизмот и сиромаштијата, како и за кревање глас за еднаквост и мир.
Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=DjGbz4XVlBM&list=UUmul_bOB7i5RteOfBBOQ9Zw&index=5
Added by kinoteka on June 14, 2012