Проекции: 12-13.12.2012 (среда-четврток), 20.00 часот
„Луѓе и богови“
Група католички монаси во Северна Африка си ја живеат својата мисија - му се молат на Бога и се грижат за заедницата муслимани што со години гравитира околу нивниот манастир. Кога во земјата ќе дојде до судир помеѓу бунтовниците и власта, нивните животи се ставени во опасност и тие се двоумат дали да заминат на побезбедно место. Не сакаат да заземат страна и ја одбиваат понудената заштита од војската. Една вечер, кај нив доаѓа група исламистички фундаменталисти кои бараат медицинска помош, но монасите сметаат дека не треба да се вмешаат во конфликтот. Филмот се базира на случајот со цистерцитските монаси од Тибхирини, Алжир кои во 1996 година се најдоа во виорот на Алжирската граѓанска војна.
(Des hommes et des dieux)
игран филм, Франција
2010, 122 мин., колор, 35 мм
режија: Ксавиер Бовуа (Xavier Beauvois);
сценарио: Ксавиер Бовуа, Етјен Комар (Xavier Beauvois, Etienne Comar);
улоги: Ламбер Вилсон, Мајкл Лонсдејл, Оливие Рабурден, Филип Лауденбах, Жак Ерлен (Lambert Wilson, Michael Lonsdale, Olivier Rabourdin, Philippe Laudenbach, Jacques Herlin).
Added by kinoteka on December 7, 2012