Во Бохемија, во 17. век, во времето на хуманизмот, се’ уште се случуваат инквизиторски испитувања на неправедно обвинети луѓе. Еден таков процес, конструиран да изнуди признание од обвинетите за вештерство и магија, ќе ја запечати судбината на 105 луѓе во огнот на кладите. Демагогијата и борбата за власт ќе предизвикаат омраза, насилство, кукавичлук и индиферентност на мнозинството. Со цел да ги уништат противниците, некои луѓе не се воздржуваат да жртвуваат десетици свои сожители.
Kladivo na čarodějnice
игран филм/ 35мм/ црно-бел/ 103`
Чешкословачка, 1969 година
Режија: Отакар Вавра
Сценарио: Естер Крумбачова, Отакар Вавра, според истоимениот роман на Вацлав Каплиски (Václav Kaplický)
Директор на фотографија: Јозеф Илик
Улоги: Ело Романчик, Владимир Шмерал, Соња Валентова, Јосеф Кемр, Лола Скрбакова
Added by kinotekamk on January 22, 2011