4-13 октомври ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА АНДРЕЈ КОНЧАЛОВСКИ
„Куќа на лудите“
На границата помеѓу Чеченија и Ингушетија е сместена една душевна болница која е оградена со бодликава жица. Недалеку од ова место започнува војна која не го попречува секојдневниот живот во оваа институција – живот кој се одвива во согласност со сопствените локални вредности и комплексни врски. Еден ден сите вработени во оваа институција ќе исчезнат, а пациентите ќе бидат препуштени сами на себе. Тогаш ќе дојде и една група чеченски милитанти и со себе ќе го донесат лудилото на војната во светот на лудите.
(Дом дураков)
игран филм, Русија/Франција
2002, 105 мин., колор, ДВД
режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky)
сценарио: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky)
улоги: Јулија Висотскаја, Султан Исламов, Евгениј Миронов, Брајан Адамс (Julia Vysotskaya, Sultan Islamov, Yevgeni Mironov, Bryan Adams)
Added by kinoteka on October 2, 2012