ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 13-14.02.2013 (среда и четврток), 20.00 часот

„Крајот на љубовната врска“

Морис Бендрикс е писател кој за време на Втората светска војна бил во љубовна врска со Сара, сопруга на неговиот пријател Хенри. Сара ненадејно ќе ја прекине врската со Бендрикс, ќе исчезне од неговиот живот, без да образложи зошто го прави тоа. Две години подоцна, Морис ќе налета на Хенри и станува опседнат со прекинатата љубовна врска. Ќе ангажира приватен детектив за да ја следи Сара и да дознае се` за неа. Доаѓа до нејзинот дневник во кој се запишани сите моменти од тајната афера и дознава дека Сара, обземена од страв и потиштена од чувство на вина, се заветувала дека ќе го напушти Морис, доколку неговиот живот биде поштеден. Морис сака повторно да биде дел од животот на Сара, но таа стравува дека тоа ќе биде преголемо искушение за неа.
Филмот на Џордан е втора по ред филмска адаптација на истоимениот роман на Греам Грин; првата, во 1955 година ја режираше Едвард Дмитрик, со Дебора Кер, Ван Џонсон и Питер Кушинг во главните улоги.

(The End of the Affair)
игран филм, Велика Британија / САД
1999, 102 мин., колор, 35 мм

режија: Нил Џордан (Neil Jordan);
сценарио: Нил Џордан, според роман на Греам Грин (Neil Jordan, Graham Greene);
улоги: Ралф Фајнс, Џулијан Мур, Стивен Риа (Ralph Fiennes, Julianne Moore, Stephen Rea).

Added by kinoteka on January 28, 2013

Interested 1