Хауард Спенс имал и подобри денови. Некогаш бил голема филмска ѕвезда во вестерн-филмови, но сега не може да се поднесе себеси и своето постоење потонато во алкохол, дрога и млади жени. Смета дека доколку би починал, никој нема ниту солза да пролее по него. Но, се` се менува кога еден ден тој дознава дека можеби има дете за кое дотогаш не знаел.
Don't Come Knocking
игран филм/ колор/ ДВД/ 122`
Франција, Германија, САД
2005 година
Режија: Вим Вендерс
Сценарио: Сем Шепард, Вим Вендерс
Директор на фотографија: Франц Лустиг
Улоги: Сем Шепард, Џесика Ланг, Џорџ Кенеди, Тим Матесон, Сара Поли
Added by kinotekamk on November 29, 2010