Проекции: 15-16.01.2013 (вторник-среда), 12.00 часот
ВОЛШЕБНИОТ СВЕТ НА БРАЌАТА ГРИМ
„Госпоѓа Холе“
Една мајка има две ќерки: постарата е разгалена и мрзелива, а помладата е вредна, но никој не го вреднува нејзиниот труд. Еден ден, откако ќе се боцне на иглата од вретеното, помладата ќерка ќе се обиде да ја измие крвта со вода, но вретеното ќе и’ падне во бунарот. Девојката ќе скокне во бунарот по вретеното и ќе се најде во „оностраниот“ свет, каде што живее госпоѓа Холе. Госпоѓата ќе ја вработи девојката како домашна помошничка и после неколку недели, задоволна од нејзината работа, ќе ја прати назад во семејството со скутник полн со злато. Надевајќи се на уште повеќе злато, мајката ќе ја натера и постарата, мрзелива ќерка да скокне во бунарот.
(Frau Holle)
игран филм, Германија
2008, 58 мин., колор, ДВД
режија: Бодо Фурнајзен (Bodo Fürneisen);
сценарио: Марлис Евалд, според приказна на Јакоб и Вилхелм Грим (Marlies Ewald, Jacob & Wilhelm Grimm);
улоги: Маријане Зигебрихт, Херберт Фојерштајн, Јохана Гастдорф (Marianne Sägebrecht, Herbert Feuerstein, Johanna Gastdorf).
Added by kinoteka on December 7, 2012