ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 17-18.01.2013 (четврток-петок), 12.00 часот

ВОЛШЕБНИОТ СВЕТ НА БРАЌАТА ГРИМ

„Бременските музиканти“

Магарето, песот, мачката и петелот решаваат да си ја земат судбината во раце и бегаат од имотите на своите лоши стопани. Планираат да отидат во градот Бремен, каде што ќе живеат слободни и ќе градат музичка кариера. Попат, доаѓаат до една колиба и преку прозорецот забележуваат дека внатре се кријат четворица разбојници, кои што си го делат пленот стекнат со кражба. Идните музичари ќе се обидат со песна да ги импресионираат разбојниците, надевајќи се дека така ќе заработат парче леб, но разбојниците толку ќе се исплашат од звукот што ќе го слушнат, што ќе избегаат како разулавени. Но, набргу ќе се обидат да се вратат во колибата...

(Die Bremer stadmusikanten)
игран филм, Германија
2009, 58 мин., колор, ДВД

режија: Дирк Регел (Dirk Regel);
сценарио: Давид Унграјт, според приказна на Јакоб и Вилхелм Грим (David Ungureit, Jacob & Wilhelm Grimm);
улоги: Петер Штрибек, Харалд Шмит, Ханелоре Елзнер (Peter Striebeck, Harald Schmidt, Hannelore Elsner).

Added by kinoteka on December 7, 2012

Interested 1