Проекции: 30.03.2013 (сабота), 12.30 часот
„Кино будење“ од 2-ри до 30-ти март, 2013 година
На програмата на Кинотека на Македонија секоја сабота со почеток во 12.30 часот, проекции на наградувани култни филмови, познати имиња кои ќе го најавуваат филмот и кафе со мафин.
Цена на билет = 50 денари, кафе и мафин = 60 денари
Гостин пред филмот е Никола Ристановски.
„Во зенитот на сонцето“
Том Рипли е испратен во Европа од страна на г-дин Гринлиф со цел да го пронајде неговиот разгален и расипнички син Филип, и да го убеди да се врати во САД. Меѓутоа, на Том му се допаѓа животот на синот-плејбој, и ќе се обиде да стане негов нераздвоен пријател. При тоа, Том се служи со низа подмолни трикови, а не се воздржува ниту да посегне по нечиј живот. Кога таткото Гринлиф ќе го изгуби трпението и ќе му соопшти на Том дека го раскинува договорот со него, Том размислува како да ја сврти ситуацијата во сопствена корист и да профитира. Ќе реши да го преземе идентитетот на синот, но за да го стори тоа, ќе треба да го убие Филип...
Награди: Едгар Алан По награда за најдобар странски филм
Трејлер:
(Plein soleil)
игран филм / трилер
1960 година / 118 мин. / колор / 35 мм
Франција / Италија
режија: Рене Клемен (René Clément);
сценарио: Рене Клемен, Пол Гегоф, според роман на Патриција Хајсмит (René Clément, Paul Gégauff, Patricia Highsmith);
улоги: Ален Делон, Морис Роне, Мари Лафоре (Alain Delon, Maurice Ronet, Marie Laforêt).
Added by kinoteka on February 24, 2013