Проекции: 09.03.2013 (сабота), 12.30 часот
„Кино будење“ од 2-ри до 30-ти март, 2013 година
На програмата на Кинотека на Македонија секоја сабота со почеток во 12.30 часот, проекции на наградувани култни филмови, познати имиња кои ќе го најавуваат филмот и кафе со мафин.
Цена на билет = 50 денари, кафе и мафин = 60 денари
Гостин пред филмот е Влатко Стефановски.
„Изгорени од сонцето“
Дејството на филмот се случува во 1936 година за време на сталинистичкиот период во СССР. Сергеј Котов е легендарен командант, искрен комунист кој е херој од Граѓанската војна, љубимец на Сталин. Тој со својата сопруга Маруша и ќерката Нада живее на село. Нивната семејна идила ќе ја наруши Митја, поранешен ветеран на Белата армија, кој на мистериозен начин исчезнува уште во 1928 година, пред закажаната женидба со Маруша. Митја е со радост дочекан во селото, а ниту малата Надја, на која ù се претставува како „чичко Митја“, не одолева на неговиот хумор и дружељубива природа. Сепак, новодојдениот не се прикажува во вистинското светло, туку напротив, дојден е со одредена задача по инструкции на НКВД.
Награди: Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје, Гран-При на Кански филмски фестивал
Трејлер:
(Утомлённые солнцем / Burnt by the Sun)
игран филм / драма
1994 година / 135 мин. / колор / 35 мм
Русија / Франција
режија: Никита Михалков (Ники́та Михалко́в):
сценарио: Рустем Ибрахимбегов, Никита Михаков (Rüstəm İbrahimbəyov, Ники́та Михалко́в);
улоги: Олег Меншиков, Никита Михалков, Ингеборга Дапкунајте, Надежда Михалкова, Андре Умански (Оле́г Ме́ньшиков, Ники́та Михалко́в, Ingeborga Dapkūnaitė, Надежда Михалкова, André Oumansky).
Added by kinoteka on February 24, 2013