Во рамките на овогодинешното Карпошово културно лето (13-15 септември) ќе бидат прикажани 15 филмови како „ехо од Меѓународниот фестивал на планински филм во Банско“.
„Банско филм фест“ е еден од најзначајните филмски фестивали на Балканот заради кој „одекнуваат“ прекрасни филмски остварувања и достигнувања на најголемите имиња од светот на планинските спортови. Фестивалот кој го слави соживотот меѓу човекот и природата, оваа година се случува по десетти пат.
Проекциите ќе се одржуваат во Кинотеката на Р. Македонија од 17 до 21 часот.
Повелете!
Added by kinotekamk on September 6, 2010