Програма за 15 септември (среда)
17:00-18:50
„Бафин-остров на децата“
Baffin, l’ ile aux enfants/Baffin, an island of children/ 30`
Режија: Сам Боге
Франција, 2007 година
Бафин е остров во канадскиот арктички архипелаг во водите на Северниот Атлантик, помеѓу Гренланд и континентална Канада. Шест пријатели си поставуваат цел да ги поминат неговите диви простори и за првпат да искачат еден од тамошните импозантни бастиони и да направат BASE jumping скокови од врвот. Авантурата започнува во инуитското село со 800 жители од кои половината се деца.
„Напредување“
Progression, 70`
Режија: Џош Ловел, Купер Робертс и Брет Ловел
САД, 2009 година
Ова е филм за најголемите спортски качувачи и за нивните најголеми постигнувања во последните години, меѓу кои се издвојува качувањето на Крис Шарма по насоката која се смета за најтешка во светот - Jumbo Love.
18:50-19:05 - Одмор
19:05-21:00
„Дами во планините“
Women in the Mountains, 42`
Режија: Кристоф Виелицки и Јежи Порембски
Полска, 2008 година
Филм од серијата „Полските Хималаи“ кој раскажува за големиот пробив во највисоките планини, направен од Ванда Руткиевич - првата жена која се искачи на К2, првата Европејка на Еверест и нејзините колешки во седумдесеттите. Тие ја започнаа традицијата која се негува и ден-денес...
„Беро“
Berhault, 69`
Режија: Жил Шапа и Рафаел Ласаблие
Франција, 2008 година
Биографски филм за еден од најголемите француски алпинисти - Патрик Беро, кој загина при обид да ги премине целите Алпи во 2004 година.
Added by kinotekamk on September 6, 2010