Никола Русински бр. 1
Скопје, null 1000

Програма за 13 септември (понеделник)

17:00-19:00

„Портрет на еден сериски скокач“
Portrait of a Serial Jumper, 12`

Режија: Матијас Тонисен
Германија, 2007/2008 год.

Норвежанецот Андре Бах е еден од пионерите на BASE jumping-от - скоковите со падобран од згради, антени, мостови и карпи. Првите скокови ги прави многу млад, а денес е еден од најсилните претставници на екстремните спортови во светот. Бах раскажува за својата пасија - како професија и како мисија, за длабоките, растргнувачки искуства и за промената во однесувањето кон овие скокови откако станал татко и глава на семејството...

„Летање над Еверест“
Flying over Everest, 61`

Режија: Фабио Тончели
Италија, 2004 година

Филмот е за првото прелетување над Еверест со делтаплан во пролетта 2004 година и за актерот на тоа случување Анџело д’Ариго (Италија), наречен „Човекот-птица“ и „Ученикот на кондорите“.

„Акопан“
Acopan, 44`

Режија: Јохен Шмол
Германија, 2008 година

Филм за искачувањето на карпите на Акопан Тепуи во Венецуела - платовидна планина оградена со огромен карпест венец. Во тоа исклучително атрактивно и адреналинско искачување учествуваат големите мајстори на big-wall качувањето, Германците Штефан Гловач, Курт Алберт, Холгер Хојбер и Венецуелецот Иван Калдерон. Но дали се тие првите кои стапнуваат на Акопан?

19:00-19:15 - Одмор

19:15-21:05

„Без сонце“
Sine Sole, 23`

Режија: Џани Падлина
Швајцарија, 2007 година

Во едно селце во планините во Северна Италија, градоначалникот - освен со општинската работа - работи и како возач на воз кој го поврзува ова село со остатокот од светот. Тој сака да ги види своите соселани насмеани и весели и во долгите зимски месеци, кога сонцето не се појавува над долината. И така се раѓа оригинална идеја да се привлечат во селцето Виганела најголемите медиумски куќи во светот...

„Надвор од карпата“
Oltre la parete/Beyond the wall, 36`

Режија: Елио Орланди
Италија, 2009 година

Алпинизмот и качувањето претставуваат задоволство, мир, споделување на страст, заедничко уживање и многу други нешта кои со право може да се наречат чудесно животно искуство. Но што тие значат настрана од карпата - во секојдневниот живот, каде има и други важни работи? Овој филм е спонтан и непретенциозен обид да се одговори на тоа прашање од страна на еден човек кој многу добро го знае тоа со своите десетина алпинистички премиери во Патагонија и стотиците искачувања на Алпите и Доломитите.

„Чудо на Еверест“
Miracle on Everest, Australia , 52`

Режија: Џенифер Пидом
Австралија, 2008 година

Ова е филм за еден од најневеројатните настани кои се случиле на падините на Еверест - за фантастичното враќање на Австралиецот Линколн Хол во 2006 година. Тој бил прогласен за мртов откако сам поминал половина ден на околу 8600 метри надморска височина, без кислород и без опрема за бивакување. Кога следниот ден до него стигнале луѓе, виделе дека е жив. Тогаш започнува епската спасувачка акција благодарени на која Хол се врати во своето семејство скоро неповреден и без сериозни здравствени последици.

Added by kinotekamk on September 6, 2010

Interested 1