Во Романија, жителите на селото Глод се соочуваат со дилеми по излегувањето на позната комедија „Борат“ на Саша Барон Коен, кое ги прикажува како банда на дивјаци што живее во Казахстан. Коен, кој се појавува во самиот филм, ги снимал сцените без да ги извести жителите, кои инаку не зборуваат англиски, за намерата. Кармен е 17-годишна немажена девојка која, благодарение на шпанските сапуници, сонува да замине за Шпанија. Во една сцена дури вели „Не смеам да се заљубам. Во спротивно, никогаш нема да заминам одовде“. Поттикнато од еден адвокат, нејзиното семејство ќе одлучи да поднесе тужба против студиото Фокс за да ги добијат парите потребни за заживување на селото. И така настанува мешаница....
Carmen meets Borat
Долгометражен документарен филм/ колор/ 2008 година/ 85 минути
Режија: Мерцедес Шталенхоф
Покрај овој, ќе можете да го погледнете и краткиот игран филм „Песок“.
Added by kinotekamk on February 17, 2010