ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

20 години филм во независна Македонија
Влезот е бесплатен.

„Како убив светец“

Откако помина три години во САД, Виола се враќа во Македонија гонета од носталгија што не може да си ја објасни. Својата земја ја наоѓа на работ на етничка војна, преполна со војници на НАТО, со тенкови и пушки на секој агол, сиви и валкани. И своето семејство го наоѓа во иста состојба, растурено и со лоша комуникација. Помладиот брат на Виола, Кокан, опасно ги следи револуционерните и патриотски соништа коишто се движат од благ хулиганизам до вистински терористички амбиции. Таа се обидува да се приближи до отуѓените браќа и се обидува да си разјасни што е тоа што ја влече назад во ваква средина. Една мировна парада со реликвии на еден светец ќе ги промени животите и на Виола и на Кокан.

игран филм / 82 минути / 2004 година / колор / 35 мм.

Режија: Теона Митевска - Стругар
Сценарио: Теона Митевска - Стругар
Директор на фотографија: Алан Маркоен
Главни улоги: Џевдет Јашари, Лабина Митевска, Милан Тоциновски

Added by kinoteka on September 16, 2011

Interested 1