Проекции: 08-09.02.2013 (петок и сабота), 20.00 часот
„Како од мајка родени“
Газ и Дејв, како и многумина други, се без работа, отпуштени од челичарницата во Шефилд. Разочарани и очајни, воопшто не се надеваат на подобро утре. Кога во локалниот паб ќе забележат дека за настапот на американската стриптиз-група „Чипендејлс“ има голем интерес меѓу женската популација, ќе решат и самите да се обидат да оформат група и да заработат пари. За кореограф назначуваат еден од отпуштените менаџери во челичарницата, Џералд, кој всушност повеќе има афинитет кон латино-танци и валцери. Ќе соберат уште тројца невработени, очајни и далеку од способни за танцување свои колеги, и ќе започнат со подготовките за настап. За да привлечат што повеќе публика, ќе најават дека ќе се соблечат „како од мајка родени“, односно дека „ќе одат до крај“. Немаат што да изгубат, сите шестмина го достигнале дното на достоинството. На сета мака, по растурениот брак, Газ мора уште и да им докаже на социјалните служби дека е во состојба да се грижи за малолетниот син.
Снимена со скромен буџет, оваа комедија постигна неверојатен комерцијален успех во светски рамки и во 1997 година ја доби британската награда за филм и телевизија, БАФТА.
(The Full Monty)
игран филм, Велика Британија / САД
1997, 91 мин., колор, 35 мм
режија: Питер Катанео (Peter Cattaneo);
сценарио: Сајмон Бефој (Simon Beaufoy);
улоги: Роберт Карлајл, Том Вилкинсон, Марк Ади, Пол Барбер (Robert Carlyle, Tom Wilkinson, Mark Addy, Paul Barber).
Added by kinoteka on January 28, 2013