ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 15-16.02.2013 (петок и сабота), 20.00 часот

„Излез кон рајот“

Комедија во која младиот фотограф Елиот, во обид да изживее некои свои поттиснати сексуални фантазии, заминува на остров кој функционира како летувалиште за луѓе со „садо-мазо“ ориентација. По него, на островот, ќе пристигнат и крадците на дијаманти коишто Елиот случајно и несвесно ги сликал со својот фотоапарат, но и двајцата полицајци, кои преправени во посетители, ќе се обидат да дојдат и до филмот на Елиот и до криминалците. И двете заинтересирани страни се во потрага по Елиот, а тој, во улога на „сексуален роб“, ќе се вљуби во Лиза, главната „господарка“ на островот. Навикната секогаш да биде главна, Лиза се соочува со преиспитување на своите чувства, и се плаши да признае пораз, што не е во склад со нејзината улога на „домина“. Во меѓувреме, полицајците на тајна задача, за да не бидат разоткриени, исто така се соочуваат со преиспитување на своите сексуални предрасуди.

(Exit to Eden)
игран филм, САД
1994, 113 мин., колор, 35 мм

режија: Гери Маршал (Garry Marshall);
сценарио: Дебора Амелон, Боб Брунер, според роман на Ен Рајс (Deborah Amelon, Bob Brunner, Anne Rice);
улоги: Роузи О`Донел, Ден Ејкројд, Дејна Дилејни, Пол Меркјурио, Иман (Rosie O’Donnell, Dan Aykroyd, Dana Delany, Paul Mercurio, Iman).

Added by kinoteka on January 28, 2013

Interested 1