ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 18.03.2013 (понеделник), 20.00 и 22.00 часот

ПРОЗОРЕЦ КОН ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ, 14-19 март

„Места за стоење само во рајот“ *

Улис, некогашен дискограф, Фулвио, некогашен филмски критичар и Доминик, некогашен претприемач, се разведени мажи кои се принудени да плаќаат алиментација. Скоро сè што заработуваат го трошат на поранешните сопруги и децата. По една случајна средба, тие ќе решат да бидат цимери за да ги споделат трошоците. И покрај сите обиди, нивната економска ситуација се влошува уште повеќе. Заедничкот живот и споделувањето на проблемите за овие тројца мажи ќе значи справување со серија трагикомични ситуации, заради кои ќе бидат принудени да ги прифатат своите одговорности.

(Posti in piedi in paradiso)
игран филм / Италија
2012 година / 119 мин. / колор / ДВД

режија: Карло Вердоне (Carlo Verdone);
сценарио: Карло Вердоне, Пасквале Пластино, Марушка Албертаци (Carlo Verdone, Pasquale Plastino, Maruska Albertazzi);
улоги: Карло Вердоне, Пјерфранческо Фавино, Марко Џиjалини, Микаела Рамацоти, Диjане Флери (Carlo Verdone, Pierfrancesco Favino, Marco Giallini, Michaela Ramazzotti, Diane Fleri).

*Превод изготвен од студентите од преведувачката насока при катедрата за италијански јазик и литература на Ф.Ф. „Блаже Конески“, под водство на проф. Радица Никодиновска.

Added by kinoteka on February 25, 2013

Interested 1