Проекции: 19.03.2013 (вторник), 20.00 и 22.00 часот
ПРОЗОРЕЦ КОН ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ, 14-19 март
„Јас сум Ли“
Шун Ли работи во текстилна фабрика во предградието на Рим за да може да добие документи кои ќе му овозможат на нејзиниот осумгодишен син да дојде во Италија и да живее со неа. Без објаснување таа е префрлена во Џоџија, мало гратче на еден остров во областа Венето, каде ќе започне да работи како шанкерка во еден паб. Средбата на Шун Ли и Бепи, рибарот со прекарот Поет, кој е редовен муштерија во пабот, е поетско бегање од самотијата и премолчен дијалог помеѓу овие две култури. Но, нивното пријателство ќе ја вознемири кинеската, но и италијанската заедница.
(Io sono Li)
игран филм / Италија
2011 година / 92 мин. / колор / ДВД
режија: Андреа Сегре (Andrea Segre);
сценарио: Адреа Сегре, Марко Петенело (Andrea Segre, Marco Pettenello);
улоги: Жао Тао, Раде Шербеџија, Марко Паолини, Роберто Цитран (Zhao Tao, Rade Sherbedgia, Marco Paolini, Roberto Citran).
Added by kinoteka on February 25, 2013